Линкови за пристапност

Обама ја помилува мисирката Храброст


Американскиот претседател Барак Обама Денот за благодарноста помилува мисирка, со што таа избегна да се најде на празничната трпеза што по обичај содржи печено мисиркино месо. На традиционалната церемонија во Белата куќа, Обама и` даде на 20-килограмската Храброст целосно и безусловно претседателско помилување.

Храброст и уште една мисирка – Каролина се избрани да учествуваат на традиционалната парада по повод Денот на Благодарноста воДизниленд, Калифорнија.

Претседателот се шегуваше дека Храброст треба да им се заблагодари на неговите ќерки Саша и Малија за помилувањето, затоа што, како што рече “првично планирал да го јаде ова животинче“.

Обама ја искористи приликата да им се заблагодари на припадниците на американските вооружени сили дома и во мисиите во странство и да им посака среќен празник за кој по обичај се собираат семејството и пријателите.

XS
SM
MD
LG