Американскиот претседател Барак Обама на 9-ти декември ќе замине за Копенхгаен каде ќе учествува на климатскиот самит на ОН. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Обама верува оти е можно за време на средбата во данскиот главен град да се постигне суштинско решение за справување со климатските промени.
Портпарол на ОН соопшти дека генералниот секретар Бан Ки-мун го поздравува учеството на Обама, како и дека колку што повеќе шефови на држави потврдуваат учество, така расте импулсот за успешно разрешување на прашањето.
Обама во вторникот изјави дека е клучно сите земји да сторат се` што е во нивна можност да постигнат оперативна спогодба во Копенхаген, што ќе служи како чекор напред кон еден законски обврзувачки договор.