Ефектите од рецесијата ги менуваат плановите на преку 38 милиони Американци колку што се очекува да патуваат за Денот на благодарноста.
За празникот традиционално се собираат семејствата и пријателите.
Автомобилската асоцијација на Америка (ААА) јави дека годинава помал број Американци ќе патуваат со авион од порано, а повеќе ќе користат автомобил и автобус. Опаѓањето на авионскиот сообраќај се слулува во услови на висока стапка на невработеност и други проблеми што влијаат врз семејниот буџет, поради што летањето со авион стана недостапно за многумина. Патниците се жалат дека авио-компаниите воведуваат дополнителни такси за претстојните божиќни и новогодишни празници, како и повисоки цени за багажот.
Американската железничка компанија Амтрак најави дека ќе превезува речиси двојно поголем број на патници за празниците. Големите автобуски компании најмуваат нови вработени и опрема за да се справат со напливот на патници.
Зголемениот број на патници со ограничен буџет исто така резултираше во појава на нови автобуски компании кои сообраќаат меѓу поголемите градови.