Линкови за пристапност

Обама ќе ја објави стратегијата за Авганистан во вторник


Американскиот претседател Барак Обама во вторник ќе ја претстави новата стратегија за Авганистан.

Белата куќа најави дека претседателот ќе го образложи планот во говор од воената академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк. Портпаролот Роберт Гибс подвлече дека американските сили се стационирани во Авганистан веќе осум години и дека САД нема да останат во земјата уште осум или девет години.

Обама ќе ја објави ревидираната авганистанска стратегија пред членовите на Конгресот во вторник, спроти неговото обраќање од Вест Поинт. Американските новински агенции наведуваат дека тој во рамки на стратегијата најверојатно ќе поддржи план за испраќање на 30.000 до 35.000 дополнителни војници во Авганистан.

XS
SM
MD
LG