Линкови за пристапност

Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година


Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави билатералните односи со Индија и рече дека ја прифатил покана да ја посети земјата следната година.
Тој ова го изјави по средбата вторникот во Белата куќа со индискиот премиер Манмохан Синг.

Обама кажа дека со Синг постигнеле напредок во разговорите за климатските промени и дека ќе соработуваат во борбата против тероризмот и другите трансатлански закани. Двете земји може да соработуваат и во економската обнова и создавањето на нови работни места за Американците и Индијците, рече американскиот претседател.

Премиерот Синг подвлече дека двете земји работат на отварање на нови работни места и просперитет преку интензивирање на трговската размена и инвестициите.

Двата лидери се заложија за продлабочување на соработката во нуклеарната сфера и вселенските програми и се согласија на целосна имплементација на постојниот нуклеарен договор меѓу двете земји во цивилниот сектор.

XS
SM
MD
LG