Американскиот претседател Барак Обама го прими индискиот премиер Манмохан Синг во Белата куќа.
На церемонијата на пречек, Обама кажа дека САД и Индија може да соработуваат во спротиставувањето на глобалните презивици како тероризмот, климатските промени , гладта и сиромаштијата, како и во спречувањето на најсмртоносните оружја во светот.
Премиерот Синг подвлече дека Инидија сака да го
продлабочи стратешкото партнерство со САД и да соработува во борбата против
предизвиците на светот во кој се случуваат брзи промени.
Покрај средбата со Обама, Белата куќа ќе организира и државна вечера во чест на Синг и сопругата.
На дневен ред на средбата Обама-Синг се очекува
да бидат контратероризмот, климатските промени и глобалната економија, како и
загриженоста на официјален Њу Делхи дека војната во Авганистан би можела
дополнително да го дестабилизира индискиот сосед - Пакистан.