Според најнов извештај на ОН за СИДА-та, вирусот што ја
предизвикува заразата однел 25 милиони човечки животи ширум светот, но затоа
стапката на новозаразени нагло се намалува.
Агенцијата УНАИДС соопшти дека бројот на новозаразени во 2008-ма изнесува 2,7 милиони, со што вкупниот број на заразени во светот нараснал на 33.4 милиони. Во извештајот се наведува и дека во африканските области под Сахара, каде СИДА-та беше најжестока, минатата година имало 400.000 заразени помалку, или пад од 15 проценти во споредба со 2001-ва година. Во истиот период, бројот на заразени во Источна Азија се намалил за 25 проценти, а во Југоисточна Азија за 10 проценти. Во него стои и дека расположивоста на лекарства против СИДА-та помогнала поголем број на заболени да живеат подолго.