Линкови за пристапност

Ирачкиот парламент го промени изборниот закон


Ирачкиот парламент ја одобри новата верзија на изборниот закон што мора да биде донесен пред одржувањето на општите избори, но законодавците Суни од арапско потекло велат дека тој не се зафаќа со прашања што нив ги засегаати дека може повторно да биде ставено вето од потпретседателот кој е нивни редови.

Ревидираниот закон им овозможува на Ирачаните кои живеат надвор од земјата да гласаат, а потоа гласовите да бидат преброени во нивните домашни провинции.

Парламентот го враќа ревидираниот закон до тричлениот претседателски совет, кој може повторно да стави вето. Секое одлагање е закана за одржувањето на изборите што се закажани за јануари.

Потпретседателот на сунитските Арапи Тарик ал-Хашими стави вето на законот минатата недела. Тој рече дека сака поголема застапеност на Ирачаните кои живеат во странство, од кои повеќето се сунитски Арапи.

XS
SM
MD
LG