Линкови за пристапност

Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта


Американскиот претседател Барак Обама започна нова кампања за подобрување на вештините на американските деца во областа на математиката и природните науки во следната деценија.

Зборувајќи во Белата куќа со лидерите од заедницата за наука и математика и локалните ученици, претседателот ја претстави кампањата за „Едукација за иновација“.

Претседателот најави нови партнерства со водечки компании и фондации, за кои вели дека ќе работат на инспирање на младите да тежнеат кон високи резултати во овие области. Тој подоцна проследи демонстрација на двајца ученици од средно училиште кои претставија робот за фрлање топки, што самите го направиле.

Претседателот Обама вели дека јакнењето на улогата на Америка како светски водач во откритија во областа на науката и иновациите е неопходно за да се одговори на предизвиците на овој век.

Обама вели дека иако САД во моментов се зад други земји во областа на образованието во математика и наука, тој е решен да ги направи американските деца светски лидери во овие области.

XS
SM
MD
LG