Линкови за пристапност

Американската влада се соочува со големи исплати на долг


Весникот Њујорк тајмс тврди дека американската влада ќе се соочи со финански притисок во наредните 10 години, во време кога пензиските и медицински издатоци растат заедно со ратите на исплатата на федералниот долг.
Тајмс пишува дека исплатата на каматата на американскиот долг од 12 трилиони долари ќе нарасне од сегашните 202 милијарди долари годишно на преку 700 милијарди во 2019-та.

Несекојдневната сума изнесува повеќе од годишните буџети на владините Оддели за енергетика, образование, домашна безбедност и трошоците за војните во Ирак и во Авганистан заедно.

Неодамнешната рецесија ги принуди креаторите на политиката да потрошат големи суми на пари за стимулирање на економијата, со што нагло нарасна владиниот долг. Притисокот од зголемен долг доаѓа во време кога милиони лица родени по Втората светска војна се пензионираат и користат владина помош за медициски трошоци. Овие трошоци се предвидуваше да создадат сериозни економски проблеми и пред актуелната финансиска криза.

XS
SM
MD
LG