Линкови за пристапност

Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената


Астронаутите Роберт Сачер и Ренди Бресник излегоа во третата и последна планирана вселенска прошетка во мисијата на шатлот Атлантис кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица. Тие имаат задача да инсталираат нов контејнер за кислород и друга опрема што ќе се употребува за научни експерименти.

Вселенската прошетка беше одложена за околу еден час поради проблеми со едно од оделата на атронаутите.

Астронаутите завршија повеќе работа од планираното за време на претходните две излегувања во вселената, така што за третото останаа само неколку задачи.

11-дневната мисија на Атлантис завршува во петок, кога шатлот треба да се врати на Земјата.

XS
SM
MD
LG