Линкови за пристапност

Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека владата на претседателот Барак Обама е отворена за идејата авганистанската влада да одржи мировни разговори со Талебан, но смета дека треба да се постапи внимателно.

Во Вашингтон, каде Обама понеделникот попладне се среќава со советниците за национална безбедност за состојбата во Авганистан, Клинтон рече дека двете држави „исцрпно“ разговарале за прашањето како да се реинтегрираат членови на Талебан кои се откажале од насилството и ги прекинале сите врски со Ал-Каида. Клинтон рече дека сите идни разговори што ќе ги врши авганистанската влада треба да имаат, како што рече, вистински стандарди на кои сите учесници би се договориле однапред.

На средбата за национална безбедност за Авганистан и Пакистан во Вашингтон понеделникот се очекува да учествуваат главните американски претставници, меѓу кои и потпретседателот Џо Бајден, секретарот за одбрана Роберт Гејтс и државната секретарка Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG