Четири американски и осум авганистански војници загинале во најнови напади во Авганистан, соопштија меѓународните сили за безбедност.
Во експлозија на бомба понеделникот во источен Авганистан загинал еден американски војник. Во неделата, пак, во напад со бомба и огнено оружје животот го загубиле тројца американски војници, се наведува во соопштението на НАТО.
Авганистански претставници соопштија дека во експлозија на патна мина во покраината Хелманд неделата загинале тројва авганистански војници,а двајца биле повредени. Претходно, експлозија на патна мина во покраината Кандахар убила пет други авганистански војници.
Во меѓувреме, САД се согласија да испорачаат развојна помош за Авганистан од речиси 39 милиони долари, за покраините во кои било намалено производството на афион во минатата година.