Линкови за пристапност

Индискиот премиер во САД


Индискиот премиер Манмохан Синг е во четиридневна посета САД на чиј дневен ред се ситуацијата во Авганистан и соработката во однос на нуклеарната енергија.

Синг пристигна неделата, а ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во вторник. На средбата се очекува да стане збор за загриженоста на официјален Њу Делхи дека војната во Авганистан би можела натамошно да го дестабилизира индискиот сосед – Пакистан.

Пред посетата, Синг за Си-Ен-Ен изјави дека не е јасно дали пакистанските цели во Авганистан се исти со оние на САД. Тој исто така изрази загриженост дека пакистанскиот нуклеарен арсенал би можел да заврши во погрешни раце.

Индискиот премиер во Вашингтон ќе се сретне и со американски деловни лидери и стручњаци за надворешна политика.

Во интервју за Вашингтон пост, Синг изрази надеж дека ќе ги убеди американските лидери да дозволат трансфер на дополнителна неармиска нуклеарна технологија и дека ќе ја зголемат соработката во изнаоѓање на решенија за поеколошки видови на енергија.

XS
SM
MD
LG