Линкови за пристапност

Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму


Од минатата недела – наваму најмалку 500 лица починале од свински грип, со што глобалниот број на жртви од избивањето на заразата годинава во Мексико нарасна на барем 6.770, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на смртни случаи е најголем во регионот на Америка - 4,806. Во азиско-пацифичкиот регион има 1.323 случаи, додека во Европа од грипот починале најмалку 350 лица.

СЗО наведува и дека се забележуваат рани знаци дека вирусот достигнал климакс во некои делови на северната хемисфера.

XS
SM
MD
LG