Линкови за пристапност

Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан


Бомбаш-самоубиец на мотоцикл активирал екслозив во југозападниот дел на Авганистан, убивајќи 16 лица, а има и голем број повредени.Експлозијата се случила петокот во градот Фара во истоимената покраина. Гувернерот Рохула Амин изјави дека меѓу загинатите се неколку деца, како и дека експлозијата одекнала близу неговата канцеларија.


Полицијата соопшти дека меѓу загинатите е и барем еден полицаец, како и дека поголемиот број се цивили.Властите наведуваат дека бројот на жртви може да нарасне, бидејќи многу од повредените се во критична состојба.


Во одвоен инцидент, во експлозија на патна мина во источната покраина Кост загинале три цивили.

До нападите дојде само еден ден откако претседателот Хамид Карзаи даде заклетва на вториот петгодишен мандат на функцијата. Карзаи на церемонијата подвлече дека безбедноста ќе биде приоритет за неговата влада, како и дека ќе работи на префрлање на безбедносните одговорности - од меѓународните сили, на авганистанската армија во текот на наредните пет години.

XS
SM
MD
LG