Линкови за пристапност

Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан


Пакистански претставници велат дека во напад во североисточниот дел на земјата, за кој се претпоставува дека бил извршен од американско беспилотно легало, загинале најмалку осум лица, осомничени дека се милитанти на Талебан. Два проектила погодиле објект што го користеле лицата во селото Мир Али во Северен Вазиристан, соопштија властите. Пограничниот регион е упориште на милитантите.

Американски армиски претставници вообичаено не потврдуваат вакви нападни, но американските војници и вработени на ЦИА во Авганистан се единствените сили кои имаат беспилотни летала во регионот.

Директорот на ЦИА Лион Панета петокот беше во Пакистан на разговори со пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани. Кабинетот на Гилани соопшти дека тој на средбата со Панета побарал американската политика во Авганистан да има слух за пакистанските поплаки. Во изјавата се наведува и дека Гилани и Панета се согласиле на „оперативно функционирање“ меѓу армиите и разузнавачките служби на двете земји во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG