Линкови за пристапност

Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу


Американската медиумска ѕвезда Опра Винфри по 25 години ќе каже збогум на своето дебатно шоу во 2011-та година.

„Шоуто на Опра Винфри", што се емитува од Чикаго, и натаму е едно од најпопуларните дневни дебатни шоуа, со околу седум милиони гледачи дневно. Опра е позната по своите интервјуа со славни личности и промоцијата на нејзини најомилени продукти и книги. Таа беше во првите редови на медиумската промоција на Чикаго за Олимписките игри 2016-та, а даде и голем поттик на претседателот Барак Обама кога го поддржа за време на предизборната кампања.

XS
SM
MD
LG