Претставници на петте постојани членки на Советот за
безбедност на ОН (Британија, Фрамција, Кина, Русија и САД) плус Германија на
средба во Брисел дискутираат за најновата иранска позиција за својата
нуклеарната програма.
Средбата доаѓа два дена откако иранскиот министер за
надворешни работи Манучер Мотаки кажа дека неговата земја нема да испраќа
ураниум на контролирана обработка во странство и само би зела предвид размена
на ураниум за гориво, и тоа на иранска територија.
Претходниот предлог, издејствуван со посредство на ОН,
предвидуваше испраќање на ураниум во странство, каде би се вршел нуклеарниот
процес на негово збогатување.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија
(ИАЕА) Мохамед Елбарадеи петокот во Берлин изјави дека се` уште се надева дека
Иран ќе го прифати предлогот. Елбарадеи
кажа дека во моментов Иран е на потег, да каже како сака да продолжи понатаму.
Американскиот претседател Барак Обама, пак, соопшти дека
неговата влада започнала разговори со меѓународните партнери за последиците
доколку Иран не одговори на меѓуанародниот предлог.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад коментираше дека
неговата влада можеби ќе размисли за подобри односи со Западот, но само доколку
тој го смени „арогантното“ однесување и врати дел од имотот на земјата.