Бомбаш-самоубиец на мотоцикл активирал екслозив во
југозападниот дел на Авганистан, убивајќи најмалку 16 лица, а има и десетици повредени. Експлозијата се случила петокот во градот
Фара во истоимената покраина. Гувернерот
Рохула Амин изјави дека меѓу загинатите се неколку деца, како и дека
експлозијата одекнала близу неговата канцеларија.
Полицијата соопшти дека меѓу загинатите е и барем еден полицаец, како и дека поголемиот број се цивили.
Во одвоен инцидент во близина на Кабул, бомба активирана
со далечински управувач експлодирала близу конвој во кој се наоѓал
парламентарецот Абдул Раб Расуд Сајаф.
Во нападот загинале пет телохраниели на овој поранешен воен
владетел. Сајаф беше водач на муџахедини
кој се бореше против Талебан во средината на 1990-те. Тој стана енергичен поддржувач на
претседателот Хамид Карзаи по инвазијата под американско раководство во 2001-ва
со која Талебан беше симнат од власта.
До нападите дојде само еден ден откако Карзаи
даде заклетва на вториот петгодишен мандат на функцијата. Тој на церемонијата
подвлече дека безбедноста ќе биде приоритет за неговата влада, како и дека ќе
работи на префрлање на безбедносните одговорности - од меѓународните сили, на
авганистанската армија во текот на наредните пет години.