Линкови за пристапност

Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер го повика Конгресот итно да се зафати со реформата на финансискиот регулаторен систем за кој кажа дека помогнал во предизвикувањето на економски распад и најлошата рецесија со генерации.

Тој на сведочење во законодавниот во четвртокот рече Конгресот прави напредок кон реформи, но додека тој напор не се комплетира, останува на сила стариот систем со сите ризици што ги носи со себе.

Гајтнер рече дека целта е да се создаде постабилен финансиски систем што нуди корист од пазарно-мотивирани иновации и истовремено го намалува ризикот од пазарно-мотивиран вишок. Тој врши притисок врз законодавците да ги затворат регулаторните дупки и да повлечат јасни линии за овластувањата и одговорностите на регулаторите.

XS
SM
MD
LG