Американските патници беа принудени да ги изменат плановите за патување во четврток откако компјутерски проблем предизвика широкораспространето откажување на летови, и одлагање со часови на полетување на други.
Федералната администрација за авијација вели дека проблемот е отстранет, но не е јасно колку долго ќе трае доцнењето на летовите.
Агенцијата вели дека дефектот ги спречил контролорите на летање да ги примаат автоматските информации за летовите и биле принудени истите да ги внесуваат рачно.
Според агенцијата проблемот со компјутерските системи во Атланта и Солт Лејк Сити не ја загрозиле безбедноста на авионите. Фрекфентниот меѓународен аеродром во Атланта бил најмногу погоден со одлагањата.
Засега нема комплетен извештај за опфатот на одлагањата или откажувањата на летови. Но, лошите временски услови во северозападниот дел на САД исто така влијаеле на пореметувањето на воздушниот сообраќај.