Економијата на САД е надвор од рецесија и е упатена кон бавен растеж, додека невработеноста е стабилна и фабриките се опоравуваат.
Извештајот на стручњаци во американската
Централна банка во четвртокот покажува дека
активноста на фабриките во средно-атлантскиот регион пораснал четври месец по ред.
Економистите на овој извештај гледаат како
на први знаци за состојбата на производствениот сектор во државата.
Прогнозата на бизнис групата е воглавно на
линија со предвидувањата од група економисти од Универзитетот на Мичиген, кои
исто така велат дека невработеноста ќе остане висока некое време. Според
последните извештаи стапката на невработеност
е 10,2.