Линкови за пристапност

Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс назначи поранешни раководители во американската армија и морнарица да ја водат ревизијата за околностите во кои се случил нападот во армиската база во Тексас, Форт Худ.
СЕкретарот Гејтс во четврток соопшти дека поранешниот армиски секретар Того Вест и поранешниот шеф на морнарицата Вернон Кларк ќе бидат одговорни за водење на ревизијата на ниво на одделот.

Гејтс рече дека ревизијата ќе оди пошироко од случајот за мајорот Нидал Малик Хасан, армискиот психијатар обвинет за убиство на 13 лица и ранување на повеќе од 40 други во нападот.

Гејтс рече дека 45-дневната ревизија ќе ги испита пропустите во тоа како армијата ги идентификува членовите на службата што може да бидат закана за други. Тој додаде дека ќе се разгледаат и медицинските програми за армискиот персонал и како американските бази одговараат на инциденти со голем број жртви.

Во меѓувреме, американска сенатска комисија отвори истрага за вооружениот напад во Форт Худ.

Сенаторот Џо Либерман, независен демократ кој е на чело со комисијата за домашна безбедност и владини прашања рече дека конгресот има обврска да спроведе сопствена истрага во нападот.

Либерман рече дека конгресот ќе соработува со одделите за правда и одбрана, кои исто така вршат сопствени истраги.

Највисокиот по ранг републиканец во комисијата, Сузан Колинс, рече дека некои докази сугерираат „комуникациски пропусти“ меѓу разузнавачките агенции за наводниот убиец, армискиот психијатар Хасан.

Таа рече дека за многу прашања врзани за нападот е важно да се пронајдат одговори со цел да се спречат слични напади во САД во иднина.

XS
SM
MD
LG