Линкови за пристапност

Обама се сретна со полубратот во Пекинг


Американскиот претседател Барак Обама рече дека одвоил пет минути во неговата дипломатска агенда на патувањето во странство да се сретне со неговиот полубрат кој живее во Кина.

Обама за Си-Ен-Ен изјави дека во понеделникот се сретнал со Марк Ндесанџо и неговата сопруга со кои имал кус разговор додека престојувал во Пекинг, каде американскиот претседател неделава имаше средби со кинеските лидери.

Претседателот има ист кениски татко како и Ндесанџо, кој неодамна ја објави книгата „Од Најроби до Шензен", во која го опишува татко им како насилен човек.

Претседателот Обама рече дека не го познава добро неговиот полубрат. Тој призна дека не е тајна дека неговиот татко бил проблематична личност, забележувајќи дека пишувал за алкохолизмот на татко му во неговата книга – „Соништата на мојот татко".

Татко му на Обама се преженил со мајка му на Ндесанџо откако се развел од американската мајка на претседателот уште кога тој бил дете. Татко му на Обама починал во 1982-ра.

XS
SM
MD
LG