Линкови за пристапност

Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември


Зборувајќи на распит во Конгресот, Ерик Холдер, генералниот правобранител на САД, рече дека обвинителите во федерален суд имаат најмногу шанси да ја донесат правдата кај американскиот народ.

Генералниот правобранител додаде дека ќе ги инструира обвинителите да бараат смртна казна за Калид Шеик Мухамед и четворицата соучесници за време на судењето во федерален суд во Њујорк.

Судскиот процес ќе се одвива во близина на местото каде се наоѓаше Светскиот трговски центар.

Критичарите на одлуката велат дека судскиот процес ќе му даде сцена на Мухамед шири анти-американска реторика, како и дека со тоа би се откриле чуствителни информации, а со тоа Американците би се довеле во ризик. Републиканскиот сенатор Џеф Сешнс од Алабама рече дека одлуката е опасна, погрешна и непотребна.

XS
SM
MD
LG