Линкови за пристапност

Европската комисија деблокираше помош за Бугарија


Европската комисија најави дека ќе деблокира над 100 милиони од помошта за Бугарија по неодамнешните административни реформи во земјата.

Портаролот Марк Греј во средата соопшти дека комисијата ќе одмрзне околу 120 милиони долари за да ги награди „значителните напори“ на владата во Софија.

Европската унија минатата година замрзна околу 700 милиони долари наменети за Бугарија поради, како што соопшти Унијата, големата јавна корупција и организиран криминал. Бугарија стана членка на ЕУ во 2007-ма.

Претходно годинава, ЕУ ослободи прв дел од средствата, откако софискиот градоначалник Бојко Борисов беше избран за премиер во јули. Веднаш по стапувањето на функција, Борисов вети дека ќе ги забрза реформите.

XS
SM
MD
LG