Ново истражување укажува дека рејтингот на американскиот претседател Барак Обама паднал под 50 проценти по првпат откако стапи на функцијата.
Истражувањето што во средата го објави Универзитетот Квинипек од сојузната држава Конетикат наведува дека рејтингот на Обама меѓу регистрираните гласачи е 48 проценти, за два помалку од претходниот месец.
Истражувањето покажува дека се намалила и поддршката за начинот на кој претседателот се справува со војната во Авганисан - од 52 минатиот месец, на сегашни 48 проценти. Паднала и поддршката за економската политика на Обама – од 47 на 43 проценти.