Линкови за пристапност

Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати


Обезбедувањето на бродот Маерск Алабама кој плови под американско знаме во средата одвратило напад на лица за кои се претпоставува дека се сомалиски пирати.

Поморски претставници на САД и Европската унија велат дека пиратите отвориле оган од автоматско оружјеврз бродот, стотици километри од брегот на Сомалија.

Американската Петта флота со седиште во Бахреин соопшти дека обезбедувањето на бродот возвратило со оган од лесно оружје, маневри за избегнување на нападот и со акустични направи од долг домет, што причинило пиратите да се откажат од нападот.

Нема извештаи за жртви.

Истиот брод беше нападнат во април, кога пиратите цели пет дена го држеа капетанот Ричард Филипс во чамец како заложник. Во последователна ноќна операција, снајперисти на морнарицата убија тројца пирати и го ослободија капетанот.

XS
SM
MD
LG