Линкови за пристапност

Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа


Транспаренси Интернешенал вели дека корупцијата останува сериозен предизвик за цела Источна Европа и Централна Азија.

Во својот годишен извештај за корупцијата во светот објавен во вторник, групата со седиште во Берлин вели дека сите држави опфатени со истражувањето од регионот добиле оценка помала од пет на скалило од десет, индицирајќи дека тие се соочени со сериозно ниво на корупција.

Извештајот вели дека скандали и неспроведување на законите од антикорупциската реформа во Босна и Херцеговина најверојатно придонеле земјата да има најголемо ниво на корупција во југоисточна Европа.

Во, Транспаренси наоѓа дека многу држави од поранешниот Советски сојуз покажале подобрување во однос на индексот на корупција оваа година. Групата вели дека и покрај внатрешните превирања што се во тек, во Грузија ситуацијата се подобрува. Транспаренси Интернешенал вели има опш консензус меѓу Грузијците и меѓународната заедница дека корупцијата во земјата значително е намалена.

XS
SM
MD
LG