Линкови за пристапност

Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот


Транспаренси Интернешенал вели дека Авганистан и Ирак, двете држави кои примија милијарди долари меѓународна помош, се меѓу најкорумпираните држави во светот.

Во годишниот извештај за корупција, групата ја именува Сомалија како најкорумпирана држава во светот, со рејтинг од 1,1 на скалило од десет поени. Блиску до неа е Авганистан со 1,3, Бурма со 1,4 и Судан и Ирак, со изедначени 1,5 поени.

Според овој извештај Нов Зеланд е држава најмалку зафатена од корупција, со оценка од 9,4, а по неа е Данска со 9,3, и Сингапур и Шведска изедначени со 9,2.

Транспаренси Интернешенал вели дека целокупната листа за корупција во светот во 2009 е загрижувачка, бидејќи мнозинството од 180 држави вклучени во истражувањето добиле рејтинг под пет.

Групата со седиште во Берлин вели дека кревките, нестабилни држави кои ги чувствуваат последиците од војна или каде сеуште постои конфликт, се најподложни на корупција.

XS
SM
MD
LG