Линкови за пристапност

Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група


Работна група на американската влада најави нови препораки според кои жените во 40-тите години од животот не треба да прават годишни тестови на дојките. На ваквата препорака се противат дел од стручњаците за борба против ракот.

Американската превентивна работна група во понеделникот соопшти дека прераните мамограми честопати резултираат во погрешен аларм и ги зголемуваат трошоците поради правењето на дополнителни тестови. Ова тело составено од медицински експерти, кое претходно поддржа рани мамограми, сега советува жените на возраст меѓу 50 и 74 години да одат на контрола за рак на дојка на секои две години. Телото соопшти и дека авто-тестот, како и тестот извршен од лекар може да имаат мало или никакво значење.

Новите препораки предизвикаа контроверза. Некои стручњаци за рак препупредија дека советите може да предизвикаат забуна и да доведат до тоа поголем број на жени да станат жртви на ракот на дојките.

Американскиот центар за рак објави дека и натаму препорачува редовна контрола на сите жени над 40 години.

XS
SM
MD
LG