Линкови за пристапност

Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели


Иран ќе се соочи со последици доколку не покаже дека нуклеарната програма е за мирнодопски потреби и транспарентна, рече американскиот претседаtел Барак Обама. Во изјавата дадена во Пекинг во рамки на азиската турнеја, Обама кажа дека САД и Кина се согласни дека Иран мора да даде гаранции на меѓународната заедница за своите мирољубиви намери.

Кина и САД се во групата шест светски сили која бара договорно решение за иранската нуклеарна програма.

Обама во неделата изјави дека истекува времето за иранскиот одговор на предлогот поддржан од ОН за испорака на ирански ураниум во Русија каде контролирано би се процесирал за цивилните нуклеарни потреби на Иран.

Иранските медиуми го цитираат иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки дека Техеран би имал позитивен став кон планот се` додека размената на ураниум се случува внатре во Иран. Мотаки изјавил дека Иран не е подготвен да испраќа свое нуклеарно гориво надвор од земјата пред да добие гориво за својот нуклеарен реактор во Техеран.

XS
SM
MD
LG