Линкови за пристапност

Експлозија во Пакистан усмрти шест лица


Шест лица загинале, а над 25 биле повредени кога напаѓач-самоубиец активирал автомобил-бомба во близина на полициска станица во северозападниот дел на Пакистан, соопштија властите во оваа земја.

Експлозијата во Пешевар причинила голема штета врз полициската станица, џамија во непосредна близина и други објекти. Официјални лица наведуваат дека ова е седми бомбашки напад во рок од една недела во областа.

Во меѓувреме, виш пакистански официјален претставник реагираше на медиумските наводи дека САД го зголемиле меѓународниот притисок врз Пакистан да ја прошири борбата против Ал-Каида и талебанските милитанти.
Министерот за надворешни работи Махмуд Куреши рече дека Пакистан самиот ќе одлучи како да се бори против милитантите, согласно приоритетите и ресурсите на земјата.
Куреши коментираше и дека меѓународната заедница ја уважува пожртвуваноста на Пакистан во борбата против исламските екстремисти.

XS
SM
MD
LG