Линкови за пристапност

10 мртви во ракетен напад во Авганистан


Бунтовници во источен Авганистан убиле 10 цивили во ракетен напад во област во источен Авганистан каде француски сили имале средба со племенски лидери. Во нападот во местото Тагаб во покраината Каписа биле повредени 28 лица, соопштија француски и авганистански претставници. Два проектила погодиле пазар, близу местото каде командантот на француските сили во источен Авганистан, генералот Марсел Друар, имал средба со племенски поглавари.

Француски и американски медицински екипи со хеликоптери ги евакуирале повредените. Нема загинати или повредени меѓу француските сили.

Францускиот командант присуствувал на собирот на племенски старешини- „шура“, во рамки на обидот на НАТО да ја добие довербата на авганистанските цивили во регионот каде има силно присуство на Талебан.

Француските сили веќе извесно време водат борба против Талебан североисточно од главниот град Кабул, во обид да ги обезбедат градовите и патиштата во областа

XS
SM
MD
LG