Линкови за пристапност

Самит за храна на ОН во Рим


Во организација на ОН во Рим започна тридневен Самит за безбедност на храната, со повик за итна акција за елиминирање на гладта на глобално ниво од која страдаат една милијарда луѓе ширум светот.

Сепак, делегатите на средбата во Рим не успеаја да обезбедат 44 милијарди долари помош, колку што бараше Организацијата за храна и земјоделство на ОН и во финалната верзија на декларацијата не се споменува нова финансиска поддршка од членките. Аналитичарите велат дека во декларацијата нема да се спомене датумот што го зацртаа ОН – до 2025та да се искорени гладта во светот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун пред 60-тина шефови на држави и влади порача дека не може да има безбедност на храната без климатска безбедност.

XS
SM
MD
LG