Линкови за пристапност

Атлантис на лансирната рампа


Американската вселенска агенција (НАСА) се подотвува за лансирањето на спејс-шатлот Атлантис, закажано за 8:28 вечерва по македонско време од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Шестчлениот екипаж на американското вселенско летало има задача да донесе околу 13.600 килограми резервни делови за Меѓународната вселенска станица.
Атлантис ќе понесе два жироскопа, пумпи, контејнери за водород и амониум, како и делови за роботската рака на Станицата.

Метеоролозите предвидуваат поволни услови за лансирањето.

Во рамки на оваа последна шатл-мисија на НАСА годинава се планирани три излегувања во вселената. Мисијата ќе трае 11 дена. Со екипажот на Атлантис на Земјата ќе се врати и астронаутката Никол Скот, која мина три месеци на Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG