Авганистанската влада најави дека ќе формира посебен оддел за борба против корупцијата за да истражува злоупотреба на власта меѓу виши владини функционери.
Претставници на американското Федерално истражно биро (ФБИ), британскиот Скотланд јард и на Европската унија ќе ги обучуваат истражителите во одделот, соопшти минситерот за одбрана Ханиф Атмар.
Раководителот на авганистанската Виша канцеларија за контрола и антикорупција Мухамед Јасин Османи неодамна за Гласот на Америка изјави дека владата треба да се посвети на задачата за намалување на корупцијата во наредните шест месеци. Според Османи, авганистанските министри во тој рок мора да извршат проверка на сите вработени во своите оддели за да утврдат дали биле примени на работа врз основа на способностите или поради корупција и по политичка линија.
Од оспорената победа на изборите во август, засенети од инстанци на измама, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е под се` поголем меѓународен притисок да се бори против корупцијата.