Линкови за пристапност

Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org


Аналитичарите предвидуваат дека на Самитот за климатски промени во Копенхаген следниот месец најверојатно нема да биде постигнат договор што ќе го замени Протоколот од Кјото - спогодба за климатските промени која истекува во 2012-та. Една од причините за неуспехот е земјите во светот - имено и САД - да постават цели за драстично намалување на емисијата на гасови што предизвикуваат климатски промени.

Научниците предупредуваат дека ако температурата се зголеми за повеќе од 2 Целзиусови степени, светот ќе почувствува разурнувачки последици од климатските промени. Новата веб-страница - climateactiontracker.org има цел да ја направи претстојната конференција за климатските промени подостапна за јавноста.

Climateactiontracker.org беше претставена во Барселона минатата недела, на крајот од финалната рунда преговори за климатските промени спроти Самитот во Копенхаген. Соработката меѓу две истражувачки групи со седиште во Германија и Постдамскиот институт за истражување на климатските промени ја овозможи Интернет-страницата што нуди информации за предложената емисија на гасови во 49 земји и дали тие го оддржуваат нивото на климатски промени на безбедно ниво или не.
Никлас Хони е директор за енергетски и климатски прашања во организацијата Екофајс, еден од дизајнерите на страницата. Тој ги советува посетителите најпрвин да ја погледнат топ-тен листата на земји на Climateactiontracker.org.

„Таму ги рангиравме земјите во различни категории - ќе најдете некои земји во доволна категорија, неколку во средна, и, за жал, неколку во несоодветна категорија“, вели Хони.

Последноспоменатите според рангирањето ан страницата не планираат доволно намалување на емисијата на издувни гасови за сузбивање на глобалното затоплување.

„Повеќето од големите земји во развој ги рангиравме во средната категорија. Повеќето од земјите од развој имаат мошне амбициозни планови на маса. Има две држави кои ги категоризиравме над просекот, кои служат како пример. Се работи за Малдивите и за Костарика - две држави кои сакаат да бидат на неутрално ниво за климатските промени во 2020-та“, раскажува Хони.

Хони вели дека е тешко да се соберат информации за најсиромашните земји во светот:

„Само неколку земји во светот обезбедуваат проекции за нивната емисијата на издувни гасови во иднина. Оттаму мора сами да ги собереме и затоа квалитетот на податоци е малку послаб“, додава Кони

Јужна Кореја и Бразил се очекува да објават ново намалување на емисијата на издувни гасови. Хони најавува дека бројките ќе бидат објавени на веб-страницата climateactiontracker.org, заедно со информации од други земји, пред почетокот на Самитот во Копенхаген.

XS
SM
MD
LG