Линкови за пристапност

Успешно лансирање на Атлантис


Американската вселенска агенција (НАСА) успешно го лансираше спејс-шатлот Атлантис од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Шестчлениот екипаж на американското вселенско летало има задача да донесе преку 13 тони резервни делови за Меѓународната вселенска станица.
Атлантис понесе два жироскопа, пумпи, контејнери за водород и амониум, како и делови за роботската рака на Станицата.

Во рамки на оваа последна шатл-мисија на НАСА годинава се планирани три излегувања во вселената. Мисијата ќе трае 11 дена. Со екипажот на Атлантис на Земјата ќе се врати и астронаутката Никол Скот, која мина три месеци на Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG