Линкови за пристапност

ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком


Агенцијата на ОН за нуклеарни прашања наведува дека Иран мора да даде дополнителни информации за нуклеарната постројка близу градот Ком, која инспектори на Светската организација ја посетија минатиот месец, откако Иран откри дека таа постои.

Во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), до кој дојдоа неколку медиумски куќи понеделникот, стои дека според показателите, изградбата на објектот започнала во 2002-ра.

Иран го оспорува тоа, тврдејќи дека изградбата започнала пет години подоцна. ИАЕА, пак, наведува дека без оглед на тоа, фактот дека Иран не го пријавил објектот се` до септември годинава претставува непочитување на обврската што Техеран ја има пред меѓународната заедница.

Фабриката Фордоу има капацитет да прими околу 3.000 центрифуги за збогатување на ураниум. Ваквиот вид на ураниум дава гориво што може да се употреби за цивилни потреби, или, доколку е високо збогатен, за нуклеарно оружје.

Иран тврди дека програмата е за мирнодопски потреби, а не за оружје.

XS
SM
MD
LG