Плановите на Бурма за одржување избори следната година нема да бидат легитимни доколку владата не стапи во дијалог со опозицијата и етничките малцинства, кажа американската државна секретарка.
Во интервју за Гласот на Америка, Хилари Клинтон рече дека доколку се сретне со бурманските лидери во Сингапур на Самитот на АПЕК наредните денови, ќе изврши притисок изборите во 2010-та да бидат поотворени.
Клинтон вели дека нејзината порака ќе биде слична на онаа што специјалниот американски пратеник ја донесе за време на ненајавената средба со воената хунта, со бурманските лидери, како и опозицијата.
Клинтон смета вели дека изборите нема да имаат легитимитет ако бурманските лидери не успеат да создадат атмосфера за слободни и фер избори.