Линкови за пристапност

Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте


Во септември, трговскиот дефицит забележа рекорден месечен пораст во последните 10 години, во време кога растат цените на увезена нафта и добра од Кина.

Јазот меѓу она што САД го продаваат во странство и она што го купуваат порасна за над 18 проценти, на месечен износ од 36.5 милијарди.

Американската економија почна да се опоравува по најлошата рецесија со децении со зголемување на побарувачката за увезени индустриски намирници, автомобили и други добра.

Барањата за американски добра се зголемуваат побавно во време кога и другите економии ги чувствуваат ефектите од рецесијата.

XS
SM
MD
LG