Линкови за пристапност

Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк


Посредникот на ОН во разликите околу името меѓу Република Македонија и Грција Метју Нимиц во петокот попладе по американско време ќе се сретне со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, соопшти Канцеларијата на портпаролот на Светската организација. Кусото известување наведува и дека на дневен ред се позициите на македонската влада, како и наредните чекори.

Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грачкиот преговарач Адамантиос Василакис, на која според соопштението на ОН грчката страна го претставила пристапот и политиката на новата влада во Атина за прашањето околу името. На Нимиц му било кажано дека во Атина постои желба да се реши прашањето и да се договори трајно решение, а истовремено бил информиран за генералните параметри на што би требало да вклучи едно прифатливо решение според грчкото гледиште, се наведува во информацијата од ОН.

XS
SM
MD
LG