Линкови за пристапност

Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд


Претставник на администрацијата на Обама вели дека наводниот осмислувач на терористичките напади од 11 септември 2001, Калид Шеик Мохамед, ќе биде суден во цивилен суд во Њујорк, заедно со други четворица ко-обвинети.

Официјалното лице кажа дека главниот американски правобранител Ерик Холдер одлуката ќе ја објави во петок.

Зборувајќи во Токио, американскиот претседател Барак Обама не сакаше да елаборира по соопштението што треба да уследи, но рече дека Мохамед ќе биде „подложен на прецизните барања на правдата".

Мохамед и другите обвинети требаше да бидат судени пред американска воена комисија во армискиот објект Гвантанамо, во Куба, каде осомничените беа држени.

Кусо време по доаѓањето на функција во јануари, Обама потпиша извршна наредба за затворање на Гвантанамо во рок од една година, но администрацијата се чини дека ќе го пробие тој рок.

XS
SM
MD
LG