Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Јукио Хатојама ветуваат дека ќе ја ревидираат долгогодишната алијанса меѓу нивните држави во светлина на потребите на 21-от век.
Двајцата лидери ветувањето го дадоа во петок, на заедничка прес конференција во Токио, кусо време по 90-минутната рунда разговори во канцеларијата на новиот јапонски лидер. Хатојама на новинарите им кажа дека тој и американскиот претседател ќе соработуваат по лепеза тешки прашања, вклучувајќи ги климатските промени, нуклеарната не-пролиферација и Авганистан.
Јапонскиот премиер го повтори ветувањето на неговата влада за прекин на јапонската морнаричка мисија која ги снабдува со гориво бродовите на пат за Авганистан, но кажа дека Токио ќе одвои пет милијарди долари за помош на Кабул.
Во заедничкото соопштение објавено по самитот, двајцата лидери велат дека ќе соработуваат по иницијативите за чиста енергија со цел да се постигне 80-процентно намалување на емисијата на штетни гасови до 2050.
Обама во Токио ќе има голем говор, во кој ќе ја изнесе својата визија за американско-азиските релации. Од Токио Обама патува во Сингапур, а оттаму ќе ги посети Шангај и Пекинг во Кина, и Сеул во Јужна Кореја.
Обама рече дека со кинеските претставници ќе разговара за вредноста на нивната валута, климатските промени и човековите права.
Двајцата лидери ветувањето го дадоа во петок, на
заедничка прес конференција во Токио, кусо време по 90-минутната рунда
разговори во канцеларијата на новиот јапонски лидер.
Хатојама на новинарите им кажа дека тој и американскиот претседател ќе соработуваат по лепеза тешки прашања, вклучувајќи ги климатските промени, нуклеарната не-пролиферација и Авганистан. Јапонскиот премиер го повтори ветувањето на неговата влада за прекин на јапонската морнаричка мисија која ги снабдува со гориво бродовите на пат за Авганистан, но кажа дека Токио ќе одвои пет милијарди долари за помош на Кабул.
Во заедничкото соопштение објавено по самитот, двајцата лидери велат дека ќе соработуваат по иницијативите за чиста енергија со цел да се постигне 80-процентно намалување на емисијата на штетни гасови до 2050. Обама во Токио, во сабота ќе има голем говор, во кој ќе ја изнесе својата визија за американско-азиските релации. Од Токио Обама патува во Сингапур, а оттаму ќе ги посети Шангај и Пекинг во Кина, и Сеул во Јужна Кореја.
Обама рече дека со кинеските претставници ќе
разговара за вредноста на нивната
валута, климатските промени и човековите права.