Линкови за пристапност

Европскиот парламент предложи укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора


Европскиот Парламент гласаше за препораката за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора.

Во Брисел, портпаролот на Европската Унија рече дека шефовите за надворешни работи на ЕУ ќе гласаат за препораката на 30-ти ноември.

Со мерката би се поместил првично планираниот датум за кинување на визите од 1-ви јануари на 19-ти декември, што би им овозможило на граѓаните од овие држави да патуваат во европските држави без визи за претстојните божиќни празници. Укинувањето на визите ќе важи за сите земји на ЕУ, освен Британија и Ирска.

ЕУ исто така соопшти дека Албанија и Босна и Херцеговина треба да ги забрзат политичките реформи пред да бидат укинати и визите за нив. Унијата исто така ги повика министрите на земјите-членки да започнат разговори со Косово, што евентуално би водело кон отстранување на визите за новата независна држава.

XS
SM
MD
LG