Линкови за пристапност

Подготвеноста за грипот - го намалува стресот


Додека некои здравствени установи во САД мака мачат со напливот на случаи на свински грип, други немаат поголеми потешкотии. Бројот на луѓе кои доаѓаат во болницата Фајкваер близу Вашингтон жалејќи се на симптоми на свински грип се намалува, вели лекарката Там Лу. Првиот бран бил кон крајот на октомври. Лу, која е спицијалистка за заразни болести, очекува уште еден во наредните неколку месеци.

„Болницата беше подготвена, бидејќи имавме претходен план за тоа што може да се случи. Се надеваме на најдоброто, а се подготвувавме за најлошото“, коментира Лу.

Малата болница со 100 легла во руралната општина Фајкваер, која им служи на жителите на местото Варентон, почнала да се подготвува за грипот уште кога се појави во Мексико во април годинава. Најпрво бил адаптиран постојниот план за итни ситуации. Потоа, одделението за итна помош било поделено на две области. Едната била специјализирана за прием и третман болните од грипот, за да се спречи ширење на заразата во другите делови на болницата. Ширум установата има апарати за пречистување на воздухот од заразни материи. Одделот за прием на болни од грипот има посебен систем за вентилација што го рециклира воздухот 12 пати на час. Сите вработени носат маски и ракавици кога работат со заболените од грип.

За Трејси Труман, специјалист за подготвеност за итни ситуации, одделната клиника значи помал стрес и за лекарите, и за пациентите

„Во просек имаме по 80 пациенти на ден. Еднаш имавме дури 158, од кои 50 беа со симптоми на грип“ вели Трејси.

Повеќето од пациентите во болницата Фајкваер се од најризичните групи: бремени, деца и лица со ослабен имунолошки систем. Дури и да дојде до нов бран, во болницата велат дека се подготвени, а како што се` повеќе лица ја примаат вакцината, лекарите сметаат дека најлошото – поминало.

XS
SM
MD
LG