Линкови за пристапност

Белата куќа најави Самит за вработување


Американскиот претседател Барак Обама најави дека следниот месец ќе биде домаќин на Самит за вработување, со цел да собере нови идеи за битката за сузбивање на невработеноста, што во октомври достигна највисоко ниво во последните 26-те години.

Обама рече дека ќе покани извршни директори, водачи на синдикати, сопственици на мали претпријатија и економски експерти на разговори во Белата куќа за тоа како да се отворат работни места.

Тој го поздрави и најновиот извештај на владиниот Оддел за труд што сугерира дека стапката на отпуштања опаднала, нарекувајќи го тоа „надежен знак“. Извештајот покажува дека бројот на Американци кои по првпат поднесуваат барања за социјална помош поради невработеност опаднала на најниско ниво од јануари. Тој минатата недела се намалил за 12.000 на сезонски-адаптираните 502.000 – помалку отколку што предвидуваа аналитичарите.

Но, Обама подвлече дека милиони Американци се` уште се очајни, во потрага по работа. Тој рече дека колебливоста на фирмите да вработуваат останува еден од најголемите предизвици за неговата администрација.

XS
SM
MD
LG