САД изразија загриженост насилството во Косово за време на кампањата за локалните избори.
Сооштението на Американската амбасада во Приштина, објавено во четвртокот, ги повикува сите политички лидери, партии и активисти да се воздржат од насилство и провокации во време кога привршува кампањата.
Во недела, Косово ќе одржи први локални избори по објавувањето на независност од Србија минатата година. На изборите учествуваат 72 политички партии и граѓански здруженија, вклучувајќи и некои српски кандидати.
Соопштението на американската амбасада уследи откако во средата демонстранти по митинг во Дечани со камења нападнаа колона возила во која беше премиерот Хашим Тачи.